За нас

ОРГАНСКИ ЖИВОТ

Со обработка на органскиот отпад од растително и животинско потекло и неговото компостирање и вермикомпостирање, не се произведуваат само органски ѓубрива, туку се намалуваат и оптоварувањата за отстранување на органскиот дел од отпадот. Процесот на вермикомпостирање го претвора отпадот во високо квалитетно органско ѓубриво и овозможува да се добијат повеќе концентрирани агенси кои ги содржат скоро сите компоненти. Овие агенси имаат стимулативен ефект врз одредени физиолошко-биохемиски процеси во различни фази на развој на растението. Произведените препарати можат да се користат не само како биостимулатори за раст и развој на растенијата, туку и како средство за заштита од разни болести и штетници, како и средства за намалување на заморот на почвата и зголемување на нејзината отпорност кон суша и студ. Примената на биохумус и течните биостимулатори добиени од нив ќе им овозможи на земјоделците да произведуваат еколошки безбедни т.н. „биопродукти“. Целта на овие производи е да се намалат трошоците и нус ефектите од индустриското земјоделство, со намалување на употребата на скапи минерални ѓубрива и агрохемикалии.

„Органски живот“ се занимава со производство и продажба на течни органски биостимулатори и подобрувачи на почвата врз основа на вермикомпост.

Употребата на биостимулаторите ја намалува употребата на минералните стимулатори и

Соодветни за конвенционално и

Според сите лабораториски прегледи и тестови, биостимулаторите на “Органски Живот” се чисти еколошки екстракти, добиени од преработка на калифорниски црви, кои немаат никакво штетно влијание врз животната средина, не се токсични и овозможуваат производство на органски производи. Компанијата има сопствено производство во регионот во Неготино, каде што се создадени услови за размножување на калифорниски црви. Развојот на рецептот за нашите производи се спроведува во соработка со  Хемиско- технолошки универзитет ДВ. Менделеев во Москва, под надзор на професорите Игор Титов и Евгениј Николаевич. Нашата цел е да со комбинираната употреба на биохумус и течни ѓубрива добиени од него, да им се овозможи на земјоделските производители да произведуваат еколошки безбедни производи, т.н. „био производи“, без употреба на минерални ѓубрива или намалена употреба на пестициди.

Наши партнери

Контакт

контактирајте не во секое време

Испратете ни порака

Пополнете ја формата долу