Следете не


500mL, 1L, 10L, 1t.
течен биостимулатор

 

“Humistar S” е еколошки чист екстракт добиен со екстракција на вермикомпост, кој содржи широк спектар на природни и еколошки безбедни, хранливи биогени елементи и соединенија, за стимулирање на растот и развојот на растенијата.

  • Карактеристики
  • Состав
  • Како функционира
  • Користење и примена
  • Препорачана доза
  • Ефекти

Употребата на Humistar S како биостимулатор на заштитено или отворено тло, обезбедува големи економски придобивки, со мали материјални трошоци.
Со намалување на загубите за време на складирањето, придонесува за производство на високо квалитетни и еколошки земјоделски производи.

Може да се применува фолијарно за време на вегетација или капка по капка, како хранлива материја за обновување на загадената почва кај сите видови култури како: градинарство, лозарство, овоштарство, цвеќарство итн. Се препорачува да се користи превентивно со цел да се намали стресот на растенијата поради суша, студ и други неповолни. Може да се користи и за органско и конвенционално производство.

Присуството на високо ниво на хранливи материи во биохумусот е идеална суровина за производство на „Humistar S“. Процесите на вермикомпостирање ја намалуваат загубата на нитрат, азот и други хранливи материи.

Содржи соединенија растворливи во вода: хумински и фулво киселини, органски киселини, аминокиселини, регулаторни пептиди, витамини, хормони и други биолошки активни соединенија, како и жива микрофлора на почвата (ризосферна и микоризална).

Humistar S го стимулира развојот на кореновиот систем при што се подобрува усвојувањето на хранливите материи од почвата и сето тоа резултира со поинтензивна фотосинтеза, подобро цветање, оплодување и рамномерно созревање. Тоа овозможува да се намалат негативните физиолошки промени во текот на чување (складирање)

Humistar S директно влијае на подобрување на својствата на почвата

 

Физички: ја подобрува текстурата и структурата на почвата;

Биолошки: ја збогатува ризосферната микрофлора и ја зголемува ензимската активност;

Хемиски: ја збогатува почвата со органска материја и помага во трансформација на недостапните облици на хранливи материи во физиолошки достапни облици; деконтаминација на почвата од токсични материи и соединенија;

Зеленчук/Градинарство

Хумистар С се аплицира во сооднос од 10 л / хa, самостојно или во комбинација со останати минерални ѓубрива и пестициди (фунгициди, инсектициди);

1.Фаза на садење

Со цел да се стимулира ‘ртење на семето, се препорачува семето да се натопи во разреден Humistar, измешан со вода во сооднос 1:20. Добро натопените семиња се оставаат да про’ртат или да се исушат и тогаш се подготвени за сеење.

2.Во расад: 200-300мл/ 10л вода – се аплицира фолијарно, на секои 7 дена;

3.После цветање: 10-12л /1хa –се мешаат и се нанесува фолијарно

4.Фаза на зреење на приносот:10-12л /1ха – се мешаат и се аплицира фолијарно секои 7-14 дена;

5.Пред берба: 10л /1ха – се мешаат и се нанесуваат фолијарно;

Лозарство

Humistar S,, се аплицира фолијарно во доза од 10л / ха , самостојно или со редовни третмани за заштита со пестициди (фунгициди, инсектициди)

1. Кога ластарите се на должина од 15-20cm – 10 л/ хa.

 

2. Интензивен раст на грозјето со 10л / ха.

3. После цветање со 10 л / хa.

4. Фаза на зреење на грозјето со 10л / ха.

Цвеќарство


Цветовите редовно се хранат во текот на целата сезона на растење. Хранењето почнува во Март и продолжува во текот на летото, се до почетокот на октомври. Од крајот на Октомври до почетокот на Март, повеќето од растенијата се во фаза на мирување. Во овој период хранењето е комплетно стопирано.

,,Хумистар С,, се аплицира фолијарно во доза од 100мл /10 л вода, секои 7-10 дена, или почвено 300мл/10л вода. Го стимулира растот и развојот на растенијата, истовремено подобрувајќи ја отпорноста на суша и ниски температури.

Житни култури

,,Хумистар С,, ја збогатува почвата со органска материја и помага во трансформација на почвата на недостапните форми на хранливи материи во физиолошки достапни форми. Стимулира раст и развој на растенијата, истовремено подобрувајќи ја отпорноста на суша и ниски температури.

1. После сеидба, со појава на 4 лисја – 10л/ха

2. Фаза на вретенисување – 10л/ха

3. Налив на зрно – 10л/ха

КОМПИР

1. Појава на вегетативна маса – 10л/ха

2. Формирање на клубени – 10л/ха

3. После 20 дена – 10л/ха

ТУТУН

1. Во расад: После појавување на четвртиот лист 200-300мл / 10 л вода – се аплицира фолијарно, на секои 7 дена;

2. Од расадување до завршување на фаза на бутонизација, препорачани 4 третмани – 10/ха

3. Препорачлив третман, после секоја инферциона берба – 10л/ха

  1. ,,Хумистар С,, директно влијае на подобрување на својствата на почвата, како што се:
  • Зголемување на приносот за 20%;
  • Р’тење и енергетски потенцијал на семето;
  • Стимулирање на раст и развој на растенијата;
  • Поголема активност на фoтосинтезата;
  • Зголемување на витамини, шеќери, протеини и масти;
  • Отпорност на суша, ниски температури и соли;
  • Го намалува коефициентот на транспирација;

Побарај понуда

HumistarS