Следете не


250mL, 1L, 5L, 10L, 1t.
течен биостимулатор

ОргаНИКА БИО е добиен со методот на хидродинамично молекуларно ситнење на арско ѓубриво и други природни суровини. Миксот на тие елементи содржи широк спектар на природни и еколошки безбедни, хранливи биогени елементи и соединенија, како и ефективни соеви на микроорганизми, се со цел производство на високо приносни и квалитетни органски производи.

  • Карактеристики
  • Состав
  • Како функционира
  • Користење и примена
  • Препорачана доза
  • Ефекти

ОргаНИКА БИО е еколошки безбеден универзален биостимулатор за ревитализација на почвата, за стимулирање на растот на растенијата, нивнo закрепнување и нивна биолошка отпорност кон фито патогени болести и штетници.

Исто така, го зголемува нивото на сува материја, витамини и шеќери, додека нивото на нитрати се намалува од 2,5 на 4 пати. Употребата на овој препарат овозможува намалување на дозата на минерални ѓубрива и хемиски супстанции до 50%.

Присуството на високо ниво на биоактивни компоненти во биохумусот е идеална суровина за производство на ОргаНИКА БИО. Процесите на вермикомпостирање ја намалуваат загубата на нитрат, азот и други хранливи материи.

Содржи соединенија растворливи во вода: хумински и фулво киселини, органски киселини, аминокиселини, регулаторни пептиди, витамини, хормони и други биолошки активни соединенија, како и корисна микрофлора на почвата (ризосферна и микоризна).

ОргаНИКА БИО ја стимулира делбата на клетката и развојот на кореновиот систем при што се подобрува усвојувањето и транспортот на хранливите материи од почвата, а сето тоа резултира со поинтензивна фотосинтеза, подобро цветање, оплодување и рамномерно созревање. Тоа овозможува да се намалат негативните физиолошки промени во текот на чување (складирање).

ОргаНИКА БИО директно влијае на подобрување на својствата на почвата

Физички: ја подобрува текстурата и структурата на почвата;

Биолошки: ја збогатува ризосферната микрофлора и ја зголемува ензимската активност;

Хемиски: ја збогатува почвата со органска материја и помага во трансформација на недостапните облици на хранливи материи во физиолошки достапни облици; деконтаминација на почвата од токсични материи и соединенија;

Зеленчук/Градинарство

ОргаНИКА БИО се аплицира фолијарно во доза од 3л / ха , секои 7-14 дена, од расад се до берба.

1.Фаза на садење

Со цел да се стимулира ‘ртење на семето, се препорачува семето да се натопи во разреден Органика Био, измешан со вода во сооднос 1:10. Добро натопените семиња се оставаат да про’ртат или да се исушат и се подготвени за сеење.

2.Во расад: После појавување на четвртиот лист 100-200 мл / 10 л вода – се аплицира фолијарно, на секои 5-7 дена;

3.После цветање: 3-5л /1ха – се мешаат со вода и се аплицира фолијарно;

4.Фаза на зреење на приносот: 3-4л /1хa – се мешаат со вода и се аплицира фолијарно секои 7-14 дена;

5.Пред берба: 3-5л /1ха – – се мешаат со вода и се аплицира фолијарно;

Јаболчесто овошје
ОргаНИКА БИО се аплицира фолијарно во доза од 3л / ха , самостојна примена, или со заштита со пестициди (фунгициди, инсектициди)

1.Појава на лисна маса – 2-3л/ха

2.После цветање со 3 л/ 1хa

3.Заврзување на плод - 3л / ха 

4.Интензивно плодоносење -  еден до два третмани на 10 дена - 3-4 л / 1 ха

5.10-14 дена пред берба со 3л / ха

 

ЈАГОДЕСТО ОВОШЈЕ
ОргаНИКА БИО се аплицира фолијарно во доза од  3л / ха , самостојно или со примена на пестициди ( фунгициди, инсектициди).

1. Почеток на вегетативен раст (формирање на лисна маса) 300мл/10л вода

2. Пред или после цветање - 3 л / хa

3. За време на прво обојување – 3-4л /хa

4. 10-15 дена пред берба - 3л / хa

ЛОЗАРСТВО

ОргаНИКА БИО се аплицира фолијарно во доза од  3л / ха , самостојно или со примена на пестициди ( фунгициди, инсектициди).


1. Кога ластарите се на должина од 15-20см – 3 л/ хa

2. После цветање со 3 л / хa


3. Интензивен раст на грозјето со 3-4 л / хa


4. Од појава на прошарок до фаза на зреење на грозјето, препорачани 2 третмани - 3л / хa

 

ЈАТКАСТА КУЛТУРА

ОргаНИКА БИО се аплицира фолијарно во доза од  3л / ха , самостојно или со примена на пестициди ( фунгициди, инсектициди).

1.Фаза на мирување – веднаш после берба (доколку сеуште има лисна маса, може да се третира фолијарно)

2.Фаза на вегетација (крај на Мај, почеток на Јуни)

3.Доцна вегетативна фаза (Јули,Aвгуст)

Коскесто овошје (Праска, слива, цреша, кајсија)

ОргаНИКА БИО се аплицира фолијарно во доза од  3л / ха , самостојно или со примена на пестициди ( фунгициди, инсектициди).

Се препорачува најмалку 5-6 апликации, почнувајќи од:

1. Развој на лисна маса до 15 дена пред цветање – препорачани 2 третмани - 3л / ха
2. Формирање на плод до интензивно плодоносење - препорачани 2 третмани -  3л / ха
3. Почеток на зреење - препорачани 1-2 третмани -  3л / ха


КОМПИР

1.Појава на вегетативна маса – 3л/ха2.

2.Формирање на клубени – 4л/ха3.

3.После 20 дена – 3л/ха

ТУТУН

1.Во расад: После појавување на четвртиот лист 100-200мл / 10 л вода – се аплицира фолијарно, на секои 7 дена;

2.Од расадување до завршување на фаза на бутонизација, препорачани 4 третмани – 3/ха

3.Препорачлив третман, после секоја инферциона берба – 2-3л/ха

ОргаНИКА БИО директно влијае на подобрување на својствата на почвата како што се:

  •  Зголемување на приносот за 20-30%;
  • Р’тење и енергетски потенцијал на семето;
  • Стимулирање на раст и развој на растенијата;
  • Поголема активност на фoтосинтезата;
  • Зголемување на витамини, шеќери, протеини и масти;
  • Отпорност на суша, ниски температури и соли;
  • Го намалува коефициентот на транспирација

Побарај понуда

оргаНИКА БИО